Оланд: Поради терористичката закана вонредната состојба во Франција ќе биде продолжена

Францускиот претседател Франсоа Оланд истакна дека поради терористичката закана вонредната состојба во земјата ќе биде продолжена до претседателските избори кои што ќе се одржат во два круга во април и во мај

611539
Оланд: Поради терористичката закана вонредната состојба во Франција ќе биде продолжена

Францускиот претседател Франсоа Оланд кој учествуваше на лидерскиот самит на Конференцијата на ОН за климатски промени која што продолжува во мароканскиот град Маракеш одговараше и на прашањата на телевизиските канали Франс 24 и ТВ5 во врска со внатрешната и надворешната политика.

Оланд истакна дека поради терористичката закана против неговата земја вонредната состојба ќе биде продолжена.

Франсоа Оланд напомена дека вонредната состојба која владее во земјата ќе биде продолжена до претседателските избори кои што ќе се одржат во два круга во април и во мај.

„Имаме потреба од преземање на вонредни мерки против терористичката закана. Освен тоа во наредните недели ќе започнат предизборните кампањи. Ќе се одржат состаноци и митинзи. Владиниот предлог за продлжување на вонредната состојба ќе биде доставен до парламентот.“ - рече францускиот претседател Франсоа Оланд.

Франција по реализираните терористички напади на 13 ноември 2015 година на шест одделни места во главниот град Париз и квартот Сен Денис во кои загинаа над 150 лица, а повеќе од 100 лица беа повредени, прогласи вонредна состојба која потоа беше продолжена.



Слични вести