Наговестувања дека ФЕТО/ПДЈ сигурно има улога во обидот за воен удар во Турција

Турците имаат право во однос на тоа

611896
Наговестувања дека  ФЕТО/ПДЈ сигурно има улога во обидот за воен удар во Турција

Првиот заменик-претседател на Европската комисија Франц Тимерманс рече дека постојат наговестувања кои постојано растат дека Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) сигурно има улога во обидот за воен удар во Турција.

Тимерманс одговараше на прашањата на новинарите и во врска со челникот на терористичката ФЕТО, Фетулах Ѓулен кој живее во Пенсилванија-САД рече дека постојат показатели за тоа дека управувал со обидот за воен удар во Турција.

Франц Тимерманс рече дека покрај тоа што надвор видовме многу малку емпатии во врска со обидот за воен удар,  можам да кажам дека Турците имаат право во однос на тоа. Можевме да бидеме подарежливи.

Европскиот претставник додаде дека Европа го потцени обидот за воен удар во Турција и потенцираше дека јасно е дека изјавите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во  врска со улогата на ФЕТО/ПДЈ во обидот за воен удар е беа без мана. Во истражувањата во САД беше утврдено дека во движењето имаше улога во обидот за воен удар.

Со изјавите на Тимерманс, првпат еден висок претставник на Европската комисија ја прифати улогата на ФЕТО/ПДЈ во обидот за воен удар.



Слични вести