Канада беше домаќин на меѓународен состанок посветен на иднината на Сирија

Канадскиот министер за надворешни работи Стефан Дион во објавеното писмено соопштение истакна дека од 11 до 13 ноември во градот Мон Тремблан во покраината Квибек се одржа меѓународен состанок посветен на иднината на Сирија

611461
Канада беше домаќин на меѓународен состанок посветен на иднината на Сирија

Канада беше домаќин на меѓународен состанок посветен на иднината на Сирија.

Канадскиот министер за надворешни работи Стефан Дион во објавеното писмено соопштение истакна дека состанокот на кој учествуваа сириските опозиционери, претставници на граѓански организации од ОН и Сирија и претставници на 15 земји беше одржан од 11 до 13 ноември во градот Мон Тремблан во покраината Квибек.

Дион напомена дека дискусиите на состанокот беа интензивирани над повторно започнување на мировните преговори за целосно стопирање на непријателствата, вклучувајќи го и режимот на Асад кој добива поддршка од Русија и Иран.

Велејќи дека на состанокот беше постигната едногласност за да се изнајде решение за кое што постои итна потреба за обезбедување на постојана хуманитарна помош на сирискиот народ, Дион додаде дека се стоеше на вложување поголеми напори по ова прашање. 

„Канада и нејзините сојузници ја продолжуваат мировната потрага за Сирија. За стопирање на војната и продолжување на мировните преговори треба да ги ставиме во акција сите страни и да воспоставиме притисок врз нив. Упатуваме повик за стопирање на нападите против сирискиот народ, целосно и непопречено доставување на хуманитарна помош, целосно почитување на меѓународното право и ставање крај на непријателствата. Поради недостаток од дипломатија не може да се постигне напредок и ако се земе во предвид искомплицираноста на состојбата постои неопходност од меѓународна соработка.“

Како што се дознава на состанокот на чие затворање говореше канадскиот министер за надворешни работи Стефан Дион, Турција ја претставуваше амбасадорот во Отава Селчук Унал кој имаше излагање посветено на движењето на бегалците во регионот и политиката на Турицја кон Сирија.

Како што се дознава амбасадорот Селчук Унал ги информираше учесниците и во врска со тероризмот на ПЈД во Сирија која е продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.  

на состанокот кој се одржа зад затворени врати освен домаќинот Канада се претпоставува дека учествуваа и претставници на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Данска, Холандија, Норвешка, Шведска, Јордан како и на некои регионални земји.



Слични вести