Земјите членки на унијата конечно постигнаа консензус за зголемување на одбранбената соработка

Со новиот одбранбен план се предвидува побрз одговор и интервенција на ЕУ во надворешните судири

611032
Земјите членки на унијата конечно постигнаа консензус за зголемување на одбранбената соработка

Министрите за надворешни работи и одбрана на земјите членки на ЕУ се состанаа во Брисел каде што одржаа состанок посветен на одлуката што ќе се усвои за новата безбедносна стратегија на унијата.

Земјите членки на унијата конечно постигнаа консензус за зголемување на одбранбената соработка.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Фредерика Могерини на состанокот го бранеше новиот одбранбен план.

Со новиот одбранбен план се предвидува побрз одговор и интервенција на ЕУ во надворешните судири, рече Могерини и ги одби тврдењата дека ќе нанесе штета на НАТО.

Англија која има најсилна армија меѓу земјите членки на Унијата се спротивстави на планот.

Но по процесот Брексит, франција и Германија се настојчиви во зголемувањето на одбранбената соработка.

Во заклучната декларација на состанокот не стана збор за воена команда на ЕУ, но беше изнесено барање за развој на траен систем кој ќе обезбеди координација меѓу надворешните цивилни и воени превенции во надворешната политика.

На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ беа разменети мислења и во врска со односите со Турција.

Освен Австрија, сите земји го бранеа ставот дека треба да продолжат преговорите за пристапувањето на Турција.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Могерини во говорот по состанокот рече дека постигнале согласност за преземање единствен став во врска со Турција.

Германија, Франција и Англија исто така се на страната за продолжување на преговорите со Турција.

Наведените земји го изнесоа ставот дека евентуалното суспендирање на преговорите ќе предизвика поголема штета отколку корист.

На неформалниот состанок не беше усвоена никаква одлука.

Конкретната одлука за иднината на односите меѓу ЕУ и Турција се планира да се донесе на претстојниот состанок на Советот за надворешни односи планиран за идниот месец.



Слични вести