Во напади во различни делови на Багдад загинаа 7 лица

Главниот град на Ирак Багдад каде што се доживуваат безбедносни пропусти често станува сцена на насилства и бомбашки напади

610642
Во напади во различни делови на Багдад загинаа 7 лица

Во насилства до кои дојде во различни делови на ирачкиот главен град Багдад животот го загубија 7 лица, а 13 лица беа повредени.

Дирекцијата на полицијата на Багдад истакна дека во населеното место Ебу Гурејб во западниот дел на главниот град пред продавниците експлодира бомба при што животот го загубија 3 лица, а 8 лица беа повредени.

Во населеното место Ел-Махмудије во јужниот дел на Багдад пак во реализиран бомбашки напад во близина на еден пазар животот го загубија 2 лица, а 5 лица беа повредени.

Во отворен оган од страна на засега неидентификувани лица во квартот Ел-Везирије исто така загинаа 2 лица. 

Главниот град на Ирак Багдад каде што се доживуваат безбедносни пропусти често станува сцена на насилства и бомбашки напади. 

Ирачки функционери застануваат во одбрана на тоа дека во позадината на нападите се наоѓаат групи поврзани со терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести