Руски воен авион падна во Средоземното море

Здравствената состојба на пилотот на авионот кој падна е добра и летовите ќе продолжат според планирањата

610692
Руски воен авион падна во Средоземното море

Рускиот воен авион од типот МИГ-29 кој полета од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ падна во Средоземното море.

Според соопштението објавено од страна на Руското министерство за одбрана, здравствената состојба на пилотот на авионот кој падна е добра и летовите ќе продолжат според планирањата.

Руската новинска агенција РИА соопшти дека авионот паднал поради технички дефект за време на обуката за летање.



Слични вести