Путин и Трамп го нагласија значењето за развој на економската соработка
Путин и Трамп во телефонскиот разговор привлекоа внимание дека односите помеѓу двете земји се на незадоволително ниво и ставија акцент на значењето за развој на економската соработка

Рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп остварија телефонски разговор.
Во разговорот рускиот лидер Путин му честита на Трамп за победата на изборите и истакна дека е спремен за воспоставување дијалог со новата американска управа.
Путин и Трамп привлекоа внимание дека односите помеѓу двете земји се на незадоволително ниво и ставија акцент на значењето за развој на економската соработка.
Во телефонскиот разговор двајцата лидери направија проценка и на сириската криза и притоа ја декларираа заедничката идеја по прашањето на соработката во борбата против меѓународниот тероризам како заеднички непријател број еден.
Во објавеното соопштение од Кремљ се истакнува дека Путин и Трамп постигнале согласност по прашањето на продолжување на телефонските контактки и одржување средба лице в лице во наредниот период.