Кеит Елисон, првиот муслимански член на Конгресот кандидат за претседател на Демократската партија

Пратеникот од Минесота Кеит Елисон, кој воедно е првиот муслимански член на американскиот Конгрес објави писмено соопштение со кое официјално прогласи дека ќе се натпреварува за функцијата претседател на Демократската партија

610940
Кеит Елисон, првиот муслимански член на Конгресот кандидат за претседател на Демократската партија

Пратеникот од Минесота Кеит Елисон кој е првиот муслиман избран за Претставничкиот дом Конгресот на САД официјална ја истакна својата кандидатура за претседател на Демократската партија.

Елисон објави писмено соопштение со кое официјално прогласи дека ќе се натпреварува за функцијата претседател на Демократската партија.

Кеит Елисон во соопштението рече: „Демократската партија ќе победи тогаш кога ќе ја добие силата на обичните луѓе и ќе се бори за решавање на нивните проблеми“.

Елисон кој се прикажува како еден од најсилните имиња во партијата влезе во Претставничкиот дом во 2006 година од петтата изборна единица во сојузната држава Минесота и се стекна со титулата „Прв муслимански член на Конгресот“.

Тој исто така е познат и како прв избран пратеник црнец од Минесота.

Сенаторот од Вермонт Берни Сандрес кој во трката за нов претседател на САД водеше борба на прелиминарните меѓупартиски избори за кандидирање од Демократската партија, преку својата лична интернет страница започна кампања за собирање потписи за избор на првиот муслимански член на американскиот Конгрес за претседател на Демократската партија.



Слични вести