Да се биде претседател на САД е многу значајна функција

Раковдоењето со федералната власт и демократијата не е чамец, туку океански брод Федералната власт и демократијата заедно не се чамец, туку океански брод.

610955
Да се биде претседател на САД е многу значајна функција
Obama, Trump'ın başkanlığından kaygılı.jpg

Американскиот претседател Барак Обама пред претстојната турнеја по Грција, Германија и Перу на прес конференцијата што ја одржа во Белата куќа одговараше на прашањата на новинарите.

Обама рече дека да се биде претседател на САД е многу значајна функција и потсети дека со новоизбраниот претседател Трамп во Овалната канцеларија одржале многу срдечна средба.

Со Трамп бев колку што можам да бидам и многу искрен, рече Обама и потенцираше дека Трамп многу повеќе е прагматист отколку идеолошки настроен.

Одлуките кои што ќе ги донесе како претседател го врзуваат самиот Трамп рече Обама и подвлече дека раководството со земјата и изборната кампања не е иста работа.

Обама истакна дека е загрижен во врска со претседателството на Трамп и потенцираше дека федералната власт и демократијата заедно не се чамец, туку океански брод. Кога седнав на претседателската функција дури тогаш ја разбрав оваа разлика, рече Обама.

Обама на прес конференцијата се осврна и на односите меѓу САД и НАТО.

Во тој контекст Обама рече дека САД нема никаква намера да ги ослаби силните и цврсти односи со НАТО.

На едно прашање во врска со неможноста за окончување на 6 годишната граѓанска војна во Сирија во периодот на неговата претседателска должност, Обама подвлече дека во земјата постои многу комплексна ситуација испреплетена со прокси војни.



Слични вести