Во терористички напади во Кербела и Фелуџа во Ирак загинаа 14 лица

Во последните реализирани терористички напади во ирачките напади Кербела и Фелуџа загинаа 14 лица, а повеќе од 20 лица беа ранети

610633
Во терористички напади во Кербела и Фелуџа во Ирак загинаа 14 лица

Во реализирани терористички напади во градовите Кербела и Фелуџа во Ирак животот го загубија 14 лица, а повеќе од 20 лица беа ранети.

6 самоубиствени напаѓачи кои се префрлија во населеното место Ајну’т Темр западно од градот Кербела се судрија со безбедносните сили.

Во вооружената престрелка беа неутрализирани 5 напаѓачи. 

Еден самоубиствен напаѓач кој успеа да избега од рацете на безбедносните сили влезе во една куќа и го активира експлозивот на себе.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа 6 лица, а 6 лица беа ранети.

Во градот Фелуџа пак беа реализирани напади на полициски контролни пунктови со две возила натоварени со бомби.

Во нападите загинаа 8 лица, а 20 лица беа ранети.

по експозиите беше воведен полициски час во градот.



Слични вести