Во Маракеш во Мароко продолжува Конференцијата на ОН за климатски промени

Учесниците на Конференцијата на ОН за климатски промени се обидуваат да ги определат основите за примена на Климатскиот договор од Париз кој официјално стапи во сила

609804
Во Маракеш во Мароко продолжува Конференцијата на ОН за климатски промени
fas’ta çevrecilerden gösteri.jpg

Во градот Маракеш во Мароко продолжува Конференцијата на ОН за климатски промени.

Учесниците се обидуваат да ги определат основите за примена на Климатскиот договор од Париз кој официјално стапи во сила.

Додека продолжува конференцијата стотици еколози кои допатуваа од различни земји излегоа на улиците во Маракеш и ги повикаа надлежните што поскоро да стапат во акција.

Експерти ги предупредуваат надлежните по прашањето на тоа дека доколку отровните гасови продолжат да се прошируваат во атмосферата со оваа брзина не ќе можат да се спречат штетите од глобалното затоплување.

Најодговорни по прашањето на емисијата на штетните гасови се развиените земји.

На чело на земјите кои испуштаат најмногу јаглероден диоксид во светот се САД, Народна Република Кина и земјите на ЕУ. 

Конференцијата на ОН за климатски промени на која се разговара за проблемите посветени на животната средина и климата на чело со глобалното затоплување и загадувањето на воздухот и на која учествуваат претставници од 195 земји во светот ќе заврши во петок.



Слични вести