Штајнмаер кандидат за нов претседател на Германија на претстојните избори

Германската канцеларка Ангела Меркел и претставниците на коалиционите партнери Сигмар Габриел и Хорст Зехофер за заеднички кандидат на трите партии на владејачката коалиција го избраа министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер

610422
Штајнмаер кандидат за нов претседател на Германија на претстојните избори

На претстојните претседателски избори во Германија закажани за 12 февруари 2017 година актуелниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ќе се натпреварува како заеднички кандидат на Демохристијанската унија (ЦДУ) и Социјалдемократската партија (СПД), коалицони партнери во сегашната влада.

Германската канцеларка Ангела Меркел и претставниците на коалиционите партнери Сигмар Габриел и Хорст Зехофер за заеднички кандидат на трите партии го избраа министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.

Опозиционите партии, партијата на Зелените и Левичарската партија пак засега се неодлучни по прашањето на определување на својот кандидат.

Германскиот претседател Јоаким Гаук поради староста и здравствената состојба одлучи да не се кандидира повторно за претседател на претстојните избори.



Слични вести