Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ и воените бродови зазедоа воена позиција во Сирија

На силите на опозицијата им беше даден рок од 24 часа да го напуштат градот

610583
Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ и воените бродови зазедоа воена позиција во Сирија

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ и воените бродови во негова придружба зазедоа воена позиција на крајбрежјето на Сирија.

Воените авиони кои полетаа од рускиот носач на авиони Кузнецов почнаа со надлетување на Идлиб.

Додека Русија се подготвува да изврши конечни напади врз Алепо, руската новинска агенција ТАСС соопшти дека авионите стратешки бомбардери од типот Ту-90 и Ту-165 кои ќе полетаат од базата Енгелс се спремни за полетување.

Режимот на Асад пред овој очекуван напад со СМС пораки ги предупреди жителите на источните подрачја од Алепо кои се наоѓаат под контрола на силите на опозицијата.

На силите на опозицијата им беше даден рок од 24 часа да го напуштат градот.

Во контранападот на силите на опозицијата кој што го започнаа пред одреден период врз градот, силите на Асад беа изложени на тешки загуби.

Околу 275 илјади жители сеуште се наоѓаат под опсада.



Слични вести