Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ дискутираа за иднината на Унијата

На состанокот Франција, Унгарија и Велика Британија која донесе одлука да ја напушти ЕУ не беа претставувани на ниво на министри за надворешни работи

609888
Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ дискутираа за иднината на Унијата

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ се состанаа на неформален состанок во главниот град на Белгија Брисел на кој дискутира за иднината на односите меѓу ЕУ и САД.

ЕУ се обидува да определи заеднички став по прашањето на новата управа на САД на чело со Доналд Трамп.

На состанокот Франција, Унгарија и Велика Британија која донесе одлука да ја напушти ЕУ не беа претставувани на ниво на министри за надворешни работи.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро исто така не отпатува на состанокот во Брисел поради средбата со Антонио Гутерес, кој беше избран за нов генерален секретар на ОН

Унгарија како единствена земја членка на ЕУ која гледа позитивно на победата на Трамп на претседателските избори во САД исто така не го испрати својот министер за надворешни работи на состанокот.

На крајот на состанокот Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини изјави дека земјите членки на Унијата се едногласни по прашањето на продолжување на зајакнувањето на трансатлантските односи.

Могерини нагласи дека ЕУ и САД се партнери и дека оценуваат дека е од значење овие односи да продолжат на основа на вредности, принципи и интереси. 

Федерика Могерини воедно напомена дека за ЕУ се значајни прашањата како што се климатските промени, иднината на постигнатиот нуклеарен договор со Иран и трговијата.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за време на предизборната кампња истакна дека е против големите трговски договори.

Затоа доколку не бидат целосно откажани се предвидува да се одвиваат тешко преговорите меѓу ЕУ и САД по прашањето на Трансатлантското трговско и инвестиционо партнерство (ТТИП).

Загриженост од аспект на ЕУ буди и тоа што новиот американски претседател Доналд Трам сака европските земји да трошат повеќе за НАТО и да ја изостави на заден план одбраната на Европа.

Можноста за подобрување на односите помеѓу Москва и Вашингтон за време на претседателскиот мандат на Трамп исто така ја тера на размислување ЕУ која спроведува санкции врз Русија поради анектирањето на Крим.

ЕУ и Трамп размислуваат различно и по прашњата на иднината на постигнатиот нуклеарен договор со Иран и климатските промени.



Слични вести