Во експлозија во Белуџистан во Пакистан загинаа над 40 лица

Во југозападната пакистанска провинција Белуџистан дојде до експлозија во едно турбе во која има повеќе од 40 загинати и над 100 повредени лица

609693
Во експлозија во Белуџистан во Пакистан загинаа над 40 лица

Експлозија во турбето (гробот) на Шах Нурани, еден од суфиските верски научници во провинцијата Белуџистан во југозападниот дел на Пакистан во која повеќе од 40 лица го загубија животот, а над 100 лица се повредени.

Во моментот на експлозијата околу турбето се наоѓаа стотици лица меѓу кои имаше и жени и деца.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДАЕШ.

На местото на експлозијата беа испратени голем број безбедносни сили, а продолжуваат активностите и на екипите за спасување во областа. 

Местото на кое што се случи експлозијата се наоѓа на 100 километри оддалеченост од градот Хуб на границата на провинцијата Синд и во близина нема ниту една здравствена установа

Поради тоа се наведува дека бројот на загинатите во експлозијата би можел да се зголеми.



Слични вести