Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени во Нов Зеланд

Американскиот Центар за геолошки истражувања соопшти дека разорниот потрес се случил на 91 километар од градот Кристчрч во Нов Зеланд

609789
Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени во Нов Зеланд

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Нов Зеланд.

Американскиот Центар за геолошки истражувања соопшти дека разорниот потрес се случил на 91 километар од градот Кристчрч во Нов Зеланд. 

По земјотресот беше објавено предупредување за цунами додека засега нема информации за тоа дали има човечки загуби или дали е причинета материјална штета.

Вториот по големина град на Нова Зеланд. Кристчрч во 2011 година исто така беше погоден од земјотрес со јачина од 6,3 степени во кој животот го загубија 185 лица.



Слични вести