ОН: Загубите од петгодишната граѓанска војна во Сирија изнесуваат 259 милијарди долари

ОН соопштија дека загубите од петгодишната граѓанска војна во Сирија изнесуваат 259 милијарди долари

609139
ОН: Загубите од петгодишната граѓанска војна во Сирија изнесуваат 259 милијарди долари

Според истражувањето подготвено од страна на Економската и социјалната комисија на ОН за Западна Азија (ESCWA) со седиште во главниот град на Либан Бејрут мирољубивите протести кои што започнаа во Сирија во 2011 година со барање да бидат направени реформи по крвавата интервенција на режимот на Бешар Асад се преобразија во граѓанска војна чии загуби за 5 години ја чинат земјата 259 милијарди долари.

Во истражувањето под наслов „Економскиот и социјалниот развој во Арапскиот регион“ се вели дека овој износ се состои од петгодишната загуба во бруто домашниот производ (БДП) и приходите во Сирија. 

Се истакнува дека пресметката е направена земајќи ги во увид процентите на раст пред граѓанската војна и се нагласува дека загубата за која што станува збор изнесува 3 пати повеќе од бруто домашниот производ (БДП) на Сирија во 2010 година.  

Освен тоа во истражувањето се напоменува дека цената за регионалните земји на хаосот и процесот на нестабилност кој што продолжува од 2011 година досега на Блискиот исток и Северна Африка изнесува 600 милијарди долари.

Се истакнува дека тоа е еднакво на 6-отсто од петгодишниот вкупен бруто домашен производ (БДП) на земјите од регионот. 

Спроед истражувањето поради револуциите и процесите на премин почнувајќи од 2011 година се зголему невработеноста во Арапските земји, додека економскиот раст во 2014 и 2015 година остана на ниво од 1,5-отсто.



Слични вести