Терористичката организација ДАЕШ ги масакрира цивилите во Мосул

Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права истакна дека терористите на ДАЕШ кои се држат под опсада во Мосул обесиле 40 цивили кои ги обвиниле за вршење предавство и соработување со непријателот

608970
Терористичката организација ДАЕШ ги масакрира цивилите во Мосул

ОН соопштија дека терористичката организација ДАЕШ во ирачкиот град Мосул ги измасакрирала цивилите кои ги обвинила за предавство и соработување со непријателот.

Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права истакна дека терористите на ДАЕШ кои се држат под опсада во Мосул обесиле 40 цивили кои ги обвиниле за вршење предавство и соработување со непријателот.

Освен тоа ОН истакнаа дека терористичката организација ДАЕШ поради тоа дека едно лице доставувало разунавачки информации преку мобилен телефон стрелала 20 цивили.

Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права Равина Шамдасани изјави дека некои од жените кои биле киднапирани од страна на ДАЕШ им биле дадени на терористите, а некои жени биле користени во конвоите.

Шамдасани информира дека терористичката организација која во областите каде што живеат цивили складира амониум и сулфур и дека во наредните денови би можела да реализира хемиски напад.

Од друга страна бројот на мртвите тела кои што беа пронајдени во масовната гробница која што беше откриена на почетокот од неделата во Хамам Алил јужно од градот Мосул.

Претходно беше истакнато дека во областа беа пронајдени коски на 100 лица.

Експерти велат дека пронајдените мртви тела се едномесечни или двомесечни и дека поголемиот дел од нив не почнале да гнијат.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ која продолжува.

Досега во рамките на операцијата повеќе од 100 села и неколку населени места во околината на градот Мосул се исчистени од терористичката организација ДАЕШ.

Бројот на луѓето пак кои беа принудени на иселување според послдните добиени информации изнесува приближно 35 илјади.



Слични вести