Не треба да сте Евреин за да бидете ционист

Израелски извори истакнуваат дека не се толку оптимисти како Бајден во однос на иднината на односите со САД

608863
Не треба да сте Евреин за да бидете ционист

Американскиот потпретседател Џо Бајден истакна дека е ционист и дека за тоа не треба да се биде Евреин.

Потпретседателот Бајден одржа говор на Светскиот еврејски конгрес што се одржа во Њујорк.

По изборот на Доналд Трамп за 45-ти американски претседател, Бајден се осврна на тоа како ќе се обликуваат односите на САД со Израел во периодот на Трамп.

Бајден рече дека во периодот на новото раководство на државата не очекува измени во израелско-американските односи. Дури и да има таква намера, а според сегашните проценки нема, Конгресот и Американците никогаш нема да дозволат да дојде до никакви измени во меѓусебните односи.

Во говорот во салата во која имаше 400 учесници, Бајден рече:

Јас сум ционист и за да се биде ционист не треба да се биде Евреин.

Ноќта по одржувањето на конгресот на Бајден му беше врачена наградата Теодор Херцл кој е познат како основоположител на ционизмот.

Израелски извори истакнуваат дека не се толку оптимисти како Бајден во однос на иднината на односите со САД.

Во извештајот кој беше изготвен од страна на групата експерти пи министерството за надворешни работи на Израел задолжена за следење на Блискоисточните политики на Трамп, беше истакнато дека во текот на изборната кампања на Трамп беше истакнато дека нема да следи конзистентна политика во однос на израелско-палестинскиот судир.

Во извештајот кој беше објавен на официјалната веб страница на израелскиот весник Харец беше подвлечено дека израелско-палестинскиот спор не се наоѓа меѓу приоритетните точки на агендата на Трамп.

Од Трамп не се очекува некоја поголема конзистентност во врска со израелско-палестинското прашање. Од една страна даваат поддршка на изградбата на нови објекти и населби за еврејските доселеници, од друга страна даваат ветување дека амбасадата на САД од Тел Авив ќе ја пренесат во Ерусалим. Исто така го изнесуваат ставот дека Израелците и Палестинците сами треба да ги решат меѓусебните проблеми и на тој начин дека ќе останат непристрасни. Трамп како бизнисмен на Блискиот исток не смета како на регион во кој може да се реализираат инвестиции, беше истакнато во извештајот.



Слични вести