Напад со возило-бомба на Генералниот конзулат на Германија во Мезар-и Шериф

Според добиени информации од безбедносни извори во реализираниот напад пред влезната врата на Генералниот конзулат беа повредени тројца полицајци

608301
Напад со возило-бомба на Генералниот конзулат на Германија во Мезар-и Шериф

Реализиран напад со возило-бомба на Генералниот конзулат на Германија во градот Мезар-и Шериф во Авганистан.

Според добиени информации од безбедносни извори во реализираниот напад пред влезната врата на Генералниот конзулат беа повредени тројца полицајци. 

Одговорноста за нападот ја презеде Талибан.

Талибан соопшти дека нападот е реализиран во знак на одмазда против операциите кои што во текот на овој месец ги водат коалиционите сили во Кундуз.

Во објавеното соопштение од германското министерство за надворешни работи пак се истакнува дека дошло до вооружен напад пред Генералниот конзулат, меѓутоа не се даваат информации во врска со својството на нападот и бројот на загинати или повредени.



Слични вести