Во насилства во ирачкиот главен град Багдад загинаа 7 лица

Во последните насилства во ирачкиот главен град Багдад каде што се доживуваат безбедносни пропусти и често доаѓа до вооружени и бомбашки напади животот го загубија 7 лица, а десетици лица се повредени

607877
Во насилства во ирачкиот главен град Багдад загинаа 7 лица

Во насилства во неколку области на ирачкиот главен град Багдад загинаа 7 лица, а 31 лице се повредени.

Во експлозија на поставена експлозивна направа на патот при поминување на воено патролно возило во населбата Ет-Таџи во Багдад загина еден војник,  а четворица војници се повредени.

Во експлозија и во близина на една кафеана во областа Ел-Газалије животот го загубија две лица, а 8 лица беа повредени.

Во бомбашки напади во маалото Ебу Душејр и во областа Ел-Беја пак загинаа две лица, а 17 лица беа повредени.

Едно лице го загуби животот и во реализиран напад на едно возило од страна на засега неидентификувани лица во областа Ел-Хурије.

Ирачкиот главен град Багдад каде што се доживуваат големи безбедносни пропусти често станува сцена на бомбашки напади.

Ирачки функционери наведуваат дека во позадината на нападите за кои станува збор се наоѓаат групи поврзани со терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести