Протести против новиот претседател Трамп во голем број градови на САД

Демонстрантите кои го критикуваа остриот начин на изразување на Трамп кон доселениците, муслиманите и останатите малцински групи извикуваа слогани „Не си мој претседател“

607874
Протести против новиот претседател Трамп во голем број градови на САД

Доналд Трам на неочекуван начин излезе како победник од одржаните претседателски избори на 8 ноември и стана нов 45-ти претседател на САД, меѓутоа голем број американски граѓани не се задоволни од овој резултат.

Во голем број градови ширум земјата беа одржани протести против Трамп.

Демонстрантите кои го критикуваа остриот начин на изразување на Трамп кон доселениците, муслиманите и останатите малцински групи извикуваа слогани „Не си мој претседател.“ 

Дискусиите и тензиите кои што започнаа уште од денот кога Доналд Трамп беше назначен за кандидат од Републиканската партија, продлжуваат и по изборот на Доналд Трамп за нов американски претседател.

На протестот против Трамп кој започна во Тексас голем број студенти ги наполнија улиците.

По протестот на кој беа извикувани слогани „Не си мој претседател“, студентите протестираа против изборните резултати и во сојузната држава Тенеси.

Голем број демонстранти излегоа на улиците и во Њујорк и протестираа пред хотелот Трамп.

Во главниот град Вашингтон пак голем број американски граѓани се собраа пред Белата куќа.

На протестот на кој беа извикувани слогани „Не за расизмот“ беа критикувани изјавите на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Стотици лица излегоа на улиците и во градот Чикаго, додека во Сан Франциско учесниците на протестот ги скршија стаклата на продавниците и запалија гуми.



Слични вести