Порака од Американско-исламскиот совет до Трамп: САД е татковина и на муслиманите

Директорот на Американско-исламскиот совет Нихад Авад побара од новиот американски претседател Доналд Трамп да покажува почит кон сите Американци вклчучувајќи ги и муслиманите

607820
Порака од Американско-исламскиот совет до Трамп: САД е татковина и на муслиманите

Директорот на Американско-исламскиот совет Нихад Авад одржа конференција за претставниците на печатот во Вашингтон посветена на резултатите од одржаните претседателски избори на 8 ноември на кои победи кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп и стана нов претседател на САД.

Нихад Авад побара од новиот американски претседател Доналд Трамп да покажува почит кон сите Американци вклучувајќи ги и муслиманите.

Новиот американски претседател Трамп во текот на претседателската трка употреби остри зборови против муслиманите во врска со што Авад рече: „Американските муслимани ќе продолжат да останат овде. Не одиме никаде, нема да бидеме замолчени и игнорирани.“

Директорот на Американско-исламскиот совет Нихад Авад продолжи со следните зборови: „Американската муслиманска заедница  ќе продолжи да води борба против фанатичноста, да ги почитува законите и да ги брани правата и слободите на сите Американци.“

Авад им се обрати и на муслиманите кои живеат во САД и кои се загрижени за иднината.

Нагласувајќи дека САД е татковина и на муслиманите, Нихад Авад рече: „И вие располагате со исти права и одговорности како и сите други Американци.“

Доналд Трамп кој е избран за нов 45-ти претседател на САД во текот на предизборната кампања низа пати даде изјави на чија мета се наоѓаа муслиманите.

Трамп побара да се сопре влегувањето на муслиманите во САД, а исто така упати повик и за затворање на џамиите во земјата.



Слични вести