На Хаити е започната акција за вакцинирање против епидемијата на колера

По силниот ураган кој ги погоди хаити беа евидентирани приближно 3.500 случаи за кои што постојат сомневање дека станува збор за колера

607703
На Хаити е започната акција за вакцинирање против епидемијата на колера

На Хаити е започната акција за вакцинирање против епидемијата на колера која почна брзо да се проширува по рушевините предизвикани ураганот Метју.

По силниот ураган кој ја зафати оваа островка држава беа евидентирани приближно 3.500 случаи за кои што постојат сомневање дека станува збор за колера.

Министерството за здравство на Хаити истакна дека 820 илјади лица ќе бидат вакцинирани против колера.

Епидемијата на колера  на Хаити која влијаеше на 800 илјади лица и беше причина за смртта на најмалку 9 илјади лица по 2011 година ја снема, меѓутоа ураганот Метју кој што минатиот месец ја погодина оваа земја, освен тоа што доведе до смрт на приближно илјада лица ги оштети и здравствените центри и болниците. 

Силниот ураган кој влијаеше негативно на животот на 1 милион 400 илјади лица воедно беше причина повторно да се појави и епидемијата на колера.



Слични вести