Режимските сили започнаа напади поддржани и од воздух кај Латакија и Идлиб

Режимските сили почнувајќи од утринските часови започнаа напади врз населените места во руралните подрачја на градовите Латакија и Идлиб во северозападниот дел на Сирија

607401
Режимските сили започнаа напади поддржани и од воздух кај Латакија и Идлиб

Единиците на режимот во Сирија започнаа напади поддржани и од воздух врз населените места во руралните подрачја на градовите Латакија и Идлиб во северозападниот дел на земјата.

Режимските сили почнувајќи од утринските часови освен со воени авиони ги бомбардираа и со хаубици и ракети селата Мишимшен, Хамбушије, Зоф, Рами Хабиб во близина на границата со Турција кај Јајладаги во Хатај, како и голем број населени места на Туркменската планина и во Џебел Екрад во руралното подрачје на Латакија.

Во нападите беа погодени и бегалските шатори кои што ги беа поставиле Сиријците во близина на границата со Турција има и повредени.

Сириските опозиционери пак синоќа соопштија дека уништиле две противавионски батерии на режимските сили во Џебел Екрад.



Слични вести