Во воздушни напади на цивилни населени места во градот Идлиб загинаа 9 лица

Воени авиони на Асадовиот режим реализираа напади врз цивилни населени места во градот Идлиб во кои загинаа 9 лица од кои 7 деца и 2 жени од кои една бремена, а десетици цивили се ранети

606493
Во воздушни напади на цивилни населени места во градот Идлиб загинаа 9 лица

Во реализирани воздушени напади на цивилни населени места во градот Идлиб во Сирија животот го загубија 9 лица од кои 7 деца.

Меѓу загинатите се наоѓаат и две жени од кои една бремена.

Омер Улван, функционер за цивилна одбрана истакна дека во бомбардирањето реализирано од страна на воени авиони на режимот на Бешар Асад на цивилни населени места во месноста Хан Шејхун во градот Идлиб животот го загубија 9 лица од кои 7 деца и 2 жени од кои една бремена, а десетици цивили се ранети.

Велејќи „Воени авиони на режимот и Русија бомбардираа цивилно населено место и во градчето Биниш“ Улван рече дека и во овој воздушен напад има ранети цивили.

Омер Улван додаде дека ранетите се префрлени во полската болница во областа и дека во нападите се разрушени и голем број згради.



Слични вести