Поради операцијата на Мосул се принудени на иселување повеќе од 34 илјади лица

Поради операцијата на Мосул се принудени на иселување повеќе од 34 илјади лица, додека според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА) само на 5 и 6 ноември беа принудени да ги напуштат своите домови приближно 5 илјади лица

605743
Поради операцијата на Мосул се принудени на иселување повеќе од 34 илјади лица

Поради операцијата за спасување на градот Мосул во Ирак од терористичката организација ДАЕШ која ја започна ирачката армија на 17 октомври и е поддржана од коалиционите сили под водство на САД беа принудени на иселување повеќе од 34 илјади лица.

Во објавеното соопштение од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА) се истакнува дека само на 5 и 6 ноември беа принудени да ги напуштат своите домови приближно 5 илјади лица и се вели дека со напредувањето во воените операции се очекува оваа бројка да се зголеми уште повеќе. 

Во соопштението се напоменува дека се чувствува длабока загриженост поради тоа што терористичката организација ДАЕШ ги користи цивилите како жив штит и порастот на цивилните загуби поради тоа што се принудуваат да војуваат и децата.

Воедно и во објавеното соопштение од Светската здравствена организација (СЗО) се осудува тоа што во реализираните напади на цивилни цели во Тикрит и Самара се користат амбулантни возила.

Како што се истакнува во соопштението според информации со кои што се располага во реализиран напад од страна на бомбаш-самоубиец со амбулантно возило во Тикрит загинале 20 лица.

Во истото соопштение се предупредува дека употребата на медицинските возила како оружје ќе претставува причина овие возила да се оценат како безбедносен ризик и со тоа да се ограничи нивната употреба при итни потреби.

Во меѓувреме ирачките безбедносни сили соопштија дека терористичката организација ДАЕШ реализирала напад на нафтено лежиште источно од градот Тикрит.



Слични вести