Јеменската влада побара од специјалниот претставник на ОН Ахмед да достави нов мировен план

Јеменскиот министер за надворешни работи Михлафи на приемот нарускиот амбасадор во Сана истакна дека доставениот предлог од страна на специјалниот претставник Ахмед кој беше отфрлен од јеменската влада не го воспоставува вистинскиот мир

605885
Јеменската влада побара од специјалниот претставник на ОН Ахмед да достави нов мировен план

Јеменскиот министер за надворешни работи Абдулмелик ел-Михлафи побара од специјалниот претставник на ОН за Јемен Исмаил Вилд еш-Шеик Ахмед да достави нов мировен план кој ќе ги земе во предвид поднесените предлози на мировните преговори.

Според веста на јеменската новинска агенција САБА јеменскиот министер за надворешни работи Михлафи за време на приемот на амбасадорот на Русија во Сана истакна дека доставениот предлог од страна на специјалниот претставник Ахмед кој беше отфрлен од јеменската влада не го воспоставува вистинскиот мир и дека само овозможува привремен прекин на војната и кризите.

Специјалниот претставник на ОН за Јемен Исмаил Вилд еш-Шеик Ахмед во планот што го достави минатат недела истакна дека се наоѓаат точки како што се назначување на нов потпретседател на Јемен, формирање на влада на национален компромис која што ќе управува со периодот на транзиција и ќе биде предводник во повторното започнување на процесот на политички дијалог, комплетирање на уставниот процес и потоа одржување на избори.

Хусите и Генералниот народен конгрес на соборениот јеменски претседател Али Абдулах Салех истакнаа дека и покрај извесни основни недостатоци доставениот мировен план од страна на специјалниот претставник Шеик Ахмед би можел да се разгледа.

Јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади пак соопшти дека не го прифаќаат планот, а како што рече поради тоа што е во спротивност со резолуцијата на ОН број 2216, која содржи одредби во правец на ембаргото за оружје против Јемен. 

Од друга страна јеменскиот премиер Ахмед Бин Дагр минатата недела во четвртокот истакна дека формално го прифаќаат мировниот план на специјалниот претставник на ОН за Јемен Исмаил Вилд еш-Шеик Ахмед.



Слични вести