Израелскиот суд осуди уште едно 14 годишно палестинско дете

Осудувањето на Ахмед на казна затвор од 12 години беше оценето како неправедна одлука

606150
Израелскиот суд осуди уште едно 14 годишно палестинско дете
Ahmed Manasıra.jpg

14 годишниот Ахмед Манасира беше осуден на 12 години казна затвор поради обид за убод со нож.

На 12 октомври израелските вооружени сили отворија оган врз децата братучеди Ахмед и Хасан поради обид за убод со нож.

Малиот Хасан почина на лице место, додека Ахмед беше изложен на насилството на еврејските доселеници.

Малиот Палестинец Ахмед од тој ден наваму се држи во притвор.

Навредите на кои беше изложен Ахмед за време на истрагата предизвикаа големи реакции во социјалните медиуми.

Според одлуката која што ја донесе израелскиот суд, 14 годишниот Ахмед беше префрлен во затвор.

Одлуката остро беше осудена од страна на Палестинското раководство.

Според писменото соопштение објавено од страна на претседателството, осудувањето на Ахмед на казна затвор од 12 години беше оценето како неправедна одлука.



Слични вести