Земјотрес со јачина од 5 степени во градот Кушнер во сојузната држава Оклахома во САД

Градоначалникот на Кушинг Стив Спирс истакна дека по земјотресот ќе биде испитана состојбата на старите вековни згради

605393
Земјотрес со јачина од 5 степени во градот Кушнер во сојузната држава Оклахома во САД

Во градот Кушинг кој е познат по нафтените резерви и рефинериите во сојузната држава Оклахома во САД синоќа во 19:44 часот според локално време беше евидентиран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала.

Потресот беше почувствуван и во градовите Канзас, Арканзас, Мисури и Литл Рок.

Градоначалникот на Кушинг Стив Спирс истакна дека по земјотресот ќе биде испитана состојбата на старите вековни згради. 

Поради отпадните води кои што се оставаат да течат од рафинериите каде што се реализира производство на нафта и гас во последните години доаѓа до илјадници земјотреси во сојузната држава Оклахома.

Во подрачјето како последно минатата недела дојде до земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.



Слични вести