Во судирите во Бејда и Таиз во Јемен загинаа 24 лица

Во последните вооружени судири помеѓу Хусите поддржани од силите лојални на соборениот претседател Салех и Силите за Народен отпор на јеменскиот претседател Хади во градовите Бејда и Таиз загинаа 24 лица, а десетици лица се ранети

605504
Во судирите во Бејда и Таиз во Јемен загинаа 24 лица

Во вооружените судири помеѓу силите лојални на јеменската влада и приврзаниците на соборениот лидер Али Абдулах Салех во градовите Бејда и Таиз во Јемен загинаа 24 лица, а десетици лица се ранети.

Според објавеното соопштение од Силите за Народен отпор лојални на јеменската влада во реализираните напади од страна на Силите за Народен отпор во населените места Велед Раби и Ес-Савма западно од градот Бејда загинаа 9 лица од редовите на приврзаниците на Хусите и соборениот претседател Салех. 

Воедно и во вооружените судири во градот Таиз загинаа 5 припадници на Силите за Народен отпор и 10 припадници на Хусите, а десетици лица беа ранети.

Во Јемен каде што една година како владее политичка нестабиност продолжуваат да се водат вооружени судири во различни градови на земјата помеѓу Хусите поддржани и од приврзаниците на соборениот јеменски претседател Али Абдулах Салех и провладините сили поддржани од коалицијата предводена од Саудиска Арабија.



Слични вести