Во реализирани операции во Нигерија се спасени 85 лица, а се убиени 5 терористи на Боко Харам

Во објавеното соопштение од нигериската армија се истакнува дека  биле успешно исчистени од терористичката организација Боко Харам областите Герам, Буланкаса и Чукунгуду каде што терористичката организација е силна

605286
Во реализирани операции во Нигерија се спасени 85 лица, а се убиени 5 терористи на Боко Харам

Во реализирани операции против терористичката организација Боко Харам во областа Чукунгуду во близина на езерото Чад во провинцијата Рорно во северниот дел на Нигерија беа спасени 85 лица од кои мнозинството го сочинуваа деца и жени.

Во операциите беа убиени и 5 терористи.

Во објавеното соопштение од нигериската армија се истакнува дека  биле успешно исчистени од терористичката организација Боко Харам областите Герам, Буланкаса и Чукунгуду каде што терористичката организација е силна.

Во соопштението исто така се вели дека во операциите била заземена и една зграда која била користена за производство на бомби.

Терористичката организација Боко Харам која во Нигерија делува од 2000-дитите години и која по смртта на нејзиниот лидер Мухамед Јусуф додека се наоѓаше во притвор во 2009 година почна да реализира масовни насилства стана причина за смртта на 17 илјади лица во оваа земја.

Оваа терористичка организација се смета за одговорна и за грабнување на голем број војници и почнувајќи од минатата година своите терористички напади од Нигерија ги прошири и на соседните земји Камерун, Бенин, Чад и Нигер.

Терористичката организација Боко Харам во последните денови ги засили своите напади.



Слични вести