Приврзаниците на терористичката организација ПКК во Англија нападнаа двајца турски граѓани

Приврзаниците на терористичката организација ПКК кои протестираа во главниот град на Англија Лондон нападнаа двајца турски граѓани

605443
Приврзаниците на терористичката организација ПКК во Англија нападнаа двајца турски граѓани

Дивјаштво на приврзаниците на терористичката организација ПКК во Англија...

Приврзаниците на терористичката организација ПКК кои под изговор на апсењето на пратениците на Демократската партија на народите (ХДП), кои пак и покрај тоа што низа пати беа повикани од страна на судот не отидоа да дадат исказ, предизвикаа нереди во главниот град Лондон и нападнаа физички двајца турски граѓани.

Џејлан Нас, едниот од турските граѓани кои беа нападнати од страна на приврзаниците на терористичката ПКК, кој инаку студира во Англија во врска со случајот изјави за новинската агенција Анадолија дека англиската полиција не ја прифатила нивната поднесена жалба во врска со напаѓачите кои го нападнале него и неговата вереница.

Велејќи дека со групата приврзаници на терористичката организација ПКК која носела транспаренти и извикувала слогани против Турција се сретнале во метро станицата Оксфорд Циркус, Џејлан Нас рече: „Извикуваа навредливи зборови. Со мојата вереница отидовме за да видиме што се случува. Оние наоколу со мобилните телефони го снимаа протестот. И ние почнавме да снимаме со нашите мобилни телефони. Во тој момент едно лице со црна капа на главата се упати кон нас и се обиде да не спречи да снимаме.“

На лицето му рекле дека нема право да ги спречува да снимаат, но заедно и со други демонстранти им се заканиле дека ќе ги нападнат физички.

Нагласувајќи дека демонстрантите извикувале навредливи зборови против Турција на што и тие им возвратиле на демонстрантите, по што биле нападнати физички од страна на демонстрантите, на што пак англиската полиција останала посматрач.

Џејлан Нас рече: „Демонстрантите ја одвлекоа мојата вереница во една од продавниците во близина и ја нападнаа физички  пред подвижните степеници, ескалаторите. Полицијата само ја затвори вратата на продавницата и некаде околу половина час не задржа внатре. Потоа не извади од задната врата и не качи во такси.“

Џејлан Нас објасни дека по случајот сакале да поднесат жалба во полицијата против напаѓачите приврзаници на терористичката организација ПКК, но дека полицијата не покажала заинтересираност и дури не биле испратени на лекарска контрола за утврдување на здобиените повреди од физичкиот напад.

Приврзаниците на терористичката организација ПКК и пред два дена одржаа протест пред амбасадата на Турција во Лондон и притоа фрлаа со камења и јајца на зградата на амбасадата.

За време на овој случај беше полесно повреден и еден англиски полицаец кој здоби удар во главата со предмет фрлен од страна на приврзаниците на терористичката организација ПКК.



Слични вести