Воена вежба во близината на линијата на фронтот на ерменско-азербејџанската граница

Цел на вежбата беше да се контролира воената спремност и подготвеност на тенковите и другите оклопни возила и да се подигне моралот на војниците на Азербејџан

604168
Воена вежба во близината на линијата на фронтот на ерменско-азербејџанската граница

Оклопните единици на Вооружените сили на Азербејџан реализираа воена вежба во близината на линијата на фронтот на ерменско-азербејџанската граница.

Според соопштението кое беше објавено од страна на министерството за одбрана на Азербејџан, цел на вежбата беше да се контролира воената спремност и подготвеност на тенковите и другите оклопни возила и да се подигне моралот на војниците.

На вежбата беа извршени истрели од тенковите и другите оклопни возила, а како цели на истрелите беа употребени ерменските тенкови кои беа уништени од страна на азербејџанската армија во битката во април на линијата на фронтот.

Азербејџанската армија на 12 ноември ќе започне сеопфатна воена вежба во која се планира да учествуваат 60 илјади војници, над 50 авиони и хеликоптери, над 150 тенкови и 700 ракетни и топовски системи.



Слични вести