Стапи во сила 10 часовната „хуманитарна пауза“ во Алепо во Сирија

Применувањето на привремениот 10 часовен прекин на огнот кој што беше прогласен од страна на Русија стапи во сила денеска во 10:00 часот и ќе трае до 20:00 часот според турско време

603984
Стапи во сила 10 часовната „хуманитарна пауза“ во Алепо во Сирија

Во градот Алепо во Сирија стапи во сила уште една хуманитарна пауза во вооружените судири помеѓу противниците на режимот и силите на Асад поддржани од Русија.

Применувањето на привремениот 10 часовен прекин на огнот кој што беше прогласен од страна на Русија стапи во сила денеска во 10:00 часот и ќе трае до 20:00 часот според турско време.

Рускиот Генералштаб завчера соопшти дека согласно издадената наредба од страна на претседателот Владимир Путин за да би можеле цивилите да го напуштат градот Алепо во Сирија на 4 ноември ќе се применува 10 часовна „хуманитарна пауза“ од 09:00 до 19:00 часот.

Началникот на Генералштабот на Русија Валериј Герасимов пак рече: „За да би можело да се спречат бесмислените гинења рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу согласно наредбата на врховниот командант на руските вооружени сили Владимир Путин донесе одлука на 4 ноември во Алепо да се воведе хуманитарна пауза од 09:00 до 19:00 часот. Оваа одлука е одобрена и од страна на сириската влада.“ 

Официјална Москва и режимот на Асад не можејќи повеќе да издржат пред притисоците на ОН и меѓународната заедница на крајот на минатиот месец најпрвин прогласија еднодневен прекин на огнот во Алепо, а потоа по изнесените критики дека тоа не е доволно рокот на прекинот на огнот го зголемија на 3 дена.

Меѓутоа спротивно на она што се предвидуваше цивилите или противниците на режимот не го напуштија градот Алепо.



Слични вести