Од почетокот на операцијата на Мосул 22 илјади лица ги напуштија своите домови од кои 10 илјади деца

Стефан Дујарич истакна дека бројот на лицата кои беа принудени да ги напуштат своите домови и да се раселат од 17 октомври кога започна операцијата за спасување на Мосул досега достигна до 22 илјади лица од кои како што рече приближно 10 илјади се деца

603952
Од почетокот на операцијата на Мосул 22 илјади лица ги напуштија своите домови од кои 10 илјади деца

Приближно 10 илјади деца беа принудени да го напуштат градот Мосул.

Стефан Дујарич, Портпаролот на генералниот секретар на ОН на редовната дневна конференција за претставниците на печатот направи проценка на состојбата во градот Мосул во Ирак.

Дујарич истакна дека бројот на лицата кои беа принудени да ги напуштат своите домови и да се раселат од 17 октомври кога започна операцијата за спасување на Мосул досега достигна до 22 илјади лица од кои како што рече приближно 10 илјади се деца.

Стефан Дујарич додаде дека на 25 илјади лица во селата во околината на Мосул ослободени од терористичката организација ДАЕШ им се доставува помош во храна, вода и лекови.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести