Ирачките специјални сили макар и полека продолжуваат да напредуваат кон внатрешните делови на Мосул

Ирачките специјални сили кои по две години влегоа во градот Мосул кој се наоѓа во рацете на терористичката организација ДАЕШ макар и полека продолжуваат да напредуваат кон внатрешните делови на овој втор по големина град на Ирак

603539
Ирачките специјални сили макар и полека продолжуваат да напредуваат кон внатрешните делови на Мосул

Со сиот интензитет продолжува операцијата која што ја започна ирачката армија на 17 октомври за исчистување на терористичката организација ДАЕШ од градот Мосул, а која е поддржана и од страна на коалиционите сили предводени од САД.

Ирачките специјални сили кои по две години влегоа во градот Мосул кој се наоѓа во рацете на терористичката организација ДАЕШ макар и полека  продолжуваат да напредуваат кон внатрешните делови на овој втор по големина град на Ирак.

Ирачките специјални сили куќа по куќа и улица по улица трагаат по терористите на ДАЕШ и како што се истакнува веќе се безбедни голем број маала во градот Мосул.

Во градот се водат жестоки вооружени судири.

И покрај тоа што терористичката организација ДАЕШ ја промени тактиката на војување што пак создава тешкотии за коалиционите сили, ирачките армиски единици продолжуваат да напредуваат кон градот.

Камионите кои носат храна и муниција за ирачките војници кои војуваат во областа воедно ги извлекуваат од градот и ранетите војници во судирите.

И покрај тоа што во некои маала веќе е воспоставена контролата се претпоставува дека војната во Мосул ќе продолжи.

Најжестоките вооружени судири се очекува да се водат во западниот дел на Мосул.



Слични вести