Чавушоглу ќе и изрази сочувство на сопругата на загинатиот руски пилот

Елена Пешкова во изјава за руската телевизија Росија-24 рече дека ќе отпатува за Москва на средба со министерот Чавушоглу

603628
Чавушоглу ќе и изрази сочувство на сопругата на загинатиот руски пилот

Елена Пешкова сопруга на рускиот пилот кој загина на 24 ноември после интервенцијата на турските воени авиони откога авионот на Пешков ги прекрши меѓународните правила изрази спремност да се види со министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу.

Пешкова во изјава за руската телевизија Росија-24 рече дека ќе отпатува за Москва на средба со министерот Чавушоглу.

Инаку министерот Чавушоглу неодамна истакна дека би сакал да направи нешто како позитивен гест за семејството на загинатиот пилот Пешков, но дека неговиот руски колега Лавров му одговорил дека Русија направи се и дека нема потреба од било што друго. Сепак јас реков дека заедно со мојата сопруга би сакал да ја посетам сопругата на загинатиот руски пилот и да и изразам сочувство.



Слични вести