Американскиот полковник Џон Дориан: Во тек се активностите за изолирање на Рака во Сирија

Џон Дориан, портпаролот на  коалицијата против терористичката организација ДАЕШ истакна дека во активностите за изолирање на градот Рака во Сирија учествуваат 30-40 илјади војници од кои 10 илјади се состојат од припадници на Сириско-арапската коалиција

603608
Американскиот полковник Џон Дориан: Во тек се активностите за изолирање на Рака во Сирија

Американскиот полковник Џон Дориан, портпаролот на  коалицијата против терористичката организација ДАЕШ со посредство на видео-конференција ги информираше новинарите во американскиот секретаријат за одбрана Пентагон во врска со операциите против ДАЕШ.

Полковник Џон Дориан истакна дека во активностите за изолирање на градот Рака во Сирија учествуваат 30 до 40 илјади војници од кои 10 илјади се состојат од припадници на Сириско-арапската коалиција.

Нагласувајќи дека во рамките на започнатата операција на 17 октомври е спречена способноста на терористичката организација ДАЕШ за слободно делување во регионот на градот Мосул, Дориан напомена дека коалиционите сили продолжуваат со поддршката на ирачките безбедносни сили за ослободување на Мосул од ДАЕШ.

Портпаролот Дориан истакна дека од друга страна терористичката организација ДАЕШ продолжува да делува слободно во регионот на градот Рака во Сирија.

Велејќи дека терористичката организација неколку месеци слободно влегува и излегува во и од Рака, Дориан додаде дека со реализираните над 100 воздушни напади е спречено организацијата да се движи во долги конвои.

Американскиот полковник Џон Дориан, портпаролот на  коалицијата против терористичката организација ДАЕШ, подвлече дека операцијата на Рака ќе започне за кусо време, но привлече внимание на тоа дека засега не се обучени сите сили кои ќе учествуваат во операцијата.

Дориан рече дека во тие рамки продолжуваат дипломатските разговори со земјите сојузници, партнери и земјите членки на коалицијата, а исто така напомена дека во моментов продолжуваат активностите за изолирање на регионот на градот Рака. 

Во врска со видео-снимката на која лидерот на терористичката организација ДАЕШ Ебубекир ел-Багдади повикува на реализирање напади Џон Дориан истакна дека не се во можност да ја потврдат точноста на оваа видео-снимка, но додаде дека  доколку се добијат информации за местото каде се наоѓа Багдади веднаш ќе го убијат.



Слични вести