Во железничка несреќа во Пакистан животот го загубија 17 лица, а 50 лица се повредени

Функционер на Железничките линии на Пакистан Насир Назир истакна дека до несреќата дошло откако во периферијата на градот еден воз удрил во друг воз и во несреќата животот го загубија 17 лица, а 50 лица се повредени

602578
Во железничка несреќа во Пакистан животот го загубија 17 лица, а 50 лица се повредени

Во железничка несреќа во пристанишниот град Карачи на југот на Пакистан според првични претпоставки животот го загубија 17 лица, а 50 лица се повредени.

Функционер на Железничките линии на Пакистан Насир Назир истакна дека до несреќата дошло откако во периферијата на градот еден воз удрил во друг воз. 

Екипите за прва помош пак истакнуваат дека меѓу загинатите во железничката несреќа имало и две жени и едно дете, а освен тоа здравствената состојба на пет повредени лица била критична.

Поради недоволната инфраструктура на железничките линии во Пакистан често доаѓа до железнички несреќи во кои гинат голем број лица.

Така во железничката несреќа до која дојде во септември животот го загубија 4 лица, а 93 лица беа повредени.



Слични вести