Во Кина неколку милиони лица добија забрана за патување со авион и воз

Весникот „Глобал Тајмс“ во Кина напиша дека Советот за национален развој и реформа поради тоа што имале ниска кредитна оцена донел забрана за патување со авион за 4,9 милиони лица, а за патување со воз за 1,6 милиони лица

603082
Во Кина неколку милиони лица добија забрана за патување со авион и воз

Во Кина поради тоа што имале ниска кредитна оцена приближно 5 милиони лица добиле забрана за патување со авион, а 1,6 милиони лица за патување со воз.

Весникот „Глобал Тајмс“ кој инаку е официјален информативен огран на Комунистичката партија на Кина (КПН) напиша дека Советот за национален развој и реформа поради тоа што имале ниска кредитна оцена донел забрана за патување со авион за 4,9 милиони лица, а за патување со воз за 1,6 милиони лица.

Заменик претседателот на Советот за национален развој и реформа Лиен Вејлианг истакна дека Кина на секое физичко и правно лице му дава кредитна оцена и со тоа го подобрува социјалниот кредитен систем на земјата.

Велејќи дека во рамките на земјата е формирана платформа за споделување на информации со учество на 37 управни единици, Лиен рече дека благодарение на ова се собрани кредитни податоци од над 640 милиони лица.

Лиен истакна дека благодарение на строгиот систем на казнување што се применува повеќе од 400 илјади лица кои не го плаќале својот кредит ги платиле своите долгови. 



Слични вести