Собранието на Киргистан го прифати предлогот за одржување референдум за уставните измени

Уставните амандмани се предвидува да се изнесат на гласање на на 11 декември, заедно со локалните избори

602833
Собранието на Киргистан го прифати предлогот за одржување референдум за уставните измени

На гласањето што се одржа во Собранието, од 120 пратеници учествуваа 105 пратеници. 90 пратеници гласаа за одржување референдум за уставните измени.

Според нацрт-уставот кој беше изготвен од страна на некои партии во собранието, уставните амандмани се предвидува да се изнесат на гласање на 11 декември, заедно со локалните избори.

Во случај да се прифатат уставните амандмани, со новиот устав се предвидува овластувањето за именување и назначување во локалната управа да се земе од локалното собрание и да му се даде на премиерот.

Лицето кое привремено ја врши функцијата претседател на државата, нема да се кандидира на претседателските избори.

Уставниот референдум во јавноста се перцепцира како подготовка на претседателот Алмазбек Атамбајев по завршувањето на претседателската функција да седне на премиерската функција.



Слични вести