На самиот праг на претседателските избори во САД, Барак Обама повторно излезе на митинзите

Ако не победиме на овие избори, наместо напредокот што го постигнавме во последните 8 години ќе исчезне и напредокот кој го предвидуваме за наредните 8 години

603018
На самиот праг на претседателските избори во САД, Барак Обама повторно излезе на митинзите

На митингот во Северна Каролина, каде што изборите поминуваат доста спорно, Обама од граѓаните бараше да гласаат за Хилари Клинтон, кандидатката на Демократите.

Обама од граѓаните бараше обавезно да излезат на гласањето и да гласаат на овие критични избори.

Обама рече: Ако не победиме на овие избори, наместо напредокот што го постигнавме во последните 8 години ќе исчезне и напредокот кој го предвидуваме за наредните 8 години.

Судбината на земјата се ниша, рече Обама и потенцираше дека во случај Хилари победи во Северна каролина, тогаш ќе победи и на претседателските избори.

Обама во говорот се осврна и на противкандидатот на Републиканците Доналд Трамп и рече:

Трамп нема карактеристики на врховен командант и не е човек за големи планови.

Резултатите од последните анкети покажуваат дека Трамп е 5 поени понапред од Клинтон во Северна Каролина.



Слични вести