Во вчерашните воздушни напади во операцијата на Мосул се убиени повеќе од 100 терористи на ДАЕШ

Во објавеното соопштение од Воената медиумска мрежа на ирачкото министерство за одбрана се истакнува дека во вчерашните воздушни напади во рамките на операцијата за спасување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ се убиени повеќе од 100 терористи

601780
Во вчерашните воздушни напади во операцијата на Мосул се убиени повеќе од 100 терористи на ДАЕШ

Во реализираните воздушни напади во рамките на операцијата за спасување на Мосул, вториот по големина град на Ирак од терористичката организација ДАЕШ се убиени повеќе од 100 терористи на ДАЕШ.

Во објавеното соопштение од Воената медиумска мрежа на ирачкото министерство за одбрана се истакнува дека согласно добиените разузнавачки информации со помош на воени авиони Ф-16 биле бомбардирани 5 позиции на терористичката организација ДАЕШ во градот Мосул.

Во соопштението се вели дека во тие рамки во реализираниот воздушен напад на хотелот Оберои во Мосул биле убиени 67 терористи на ДАЕШ, а во воздушните напади во шумските предели биле убиени 29 терористи и ранети 25 терористи на ДАЕШ.

Во соопштението се додава дека освен тоа во два други воздушни напади врз еден магацин за оружје и муниција и еден воен штаб биле неутрализирани 20 терористи, а 15 терористи на ДАЕШ биле ранети.

Офицерот на задача во ирачката армија Џебар Хасан пак истакна дека додека се напредува кон Мосул биле информирани дека во рацете на терористичката организација ДАЕШ се наоѓаат стотици цивили кои ги користи како жив штит.

Велејќи дека тешко може да се напредува на источниот, јужниот и западниот фронт за кој што се планира да се оствари денеска, истиот офицер рече: „Терористите на ДАЕШ ја оставија својата воена опрема и се повлекоа кон градот, меѓутоа се соочуваме со проблем дека ДАЕШ би можел да ги кориисти цивилите како жив штит. Оваа состојба во голема мрека ќе го спречи нашето напредување.“

Во меѓувреме и ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади на состанокот за претставниците на печатот што го одржа вчера во главниот град Багдад истакна дека терористичката организација  ДАЕШ цивилите во Мосул ги користи како жив штит и дека сакаат операцијата да биде завршена со мали загуби и штети. 

Ебу Мехди ел-Мухендис, едниот од командантите на шиитските милициски сили Хашди Шаби пак истакна дека на западниот фронт на Мосул има нерамен терен и дека припадниците на ДАЕШ по претрпените големи загуби покажуваат отпор во овие области.

Мухендис рече дека за целосно спасување на Тел Афер имаат за цел да ја прекинат врската со Мосул од запад.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести