Русија соопшти дека на 4 ноември ќе се применува 10 часовна „хуманитарна пауза“ во Алепо

Со цел да им се овозможи на цивилите да го напуштат Алепо согласно издадената наредба од страна на претседателот Владимир Путин на 4 ноември од 09:00 часот до 19:00 часот во времетраење од 10 часа ќе се применува „хуманитарна пауза“

602162
Русија соопшти дека на 4 ноември ќе се применува 10 часовна „хуманитарна пауза“ во Алепо

Рускиот претседател Владимир Путин издаде наредба на 4 ноември да биде прогласен 10 часовен прекин на огнот во градот Алепо во Сирија.

Рускиот Генералштаб соопшти дека  со цел да им се овозможи на цивилите да го напуштат Алепо согласно издадената наредба од страна на претседателот Владимир Путин на 4 ноември од 09:00 часот до 19:00 часот во времетраење од 10 часа ќе се применува „хуманитарна пауза“.  

Началникот на генералштабот на Руската Федерација Валериј Герасимов во врска со ова рече: „Со цел да се спречат безмислените смртни случаи рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во правец на добиената наредба од врховниот командант на Руските вооружени сили претседателот Владимир Путин одлучи на 4 ноември од 09:00 часот до 19:00 часот да се применува хуманитарна пауза. Оваа одлука е одобрена и од страна на сириската влада.“



Слични вести