Проценка на турските колумнисти на панелот во англискиот парламент за обидот за воен удар

Турскиот народ трагичната ноќ на 15 јули ја покажа приврзаноста кон демократијата

602056
Проценка на турските колумнисти на панелот во англискиот парламент за обидот за воен удар

Турските колумнисти на панелот што се одржа во англискиот парламент направија проценка на обидот за воен удар на 15 јули од страна на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура ФЕТИО/ПДЈ).

Новинарката на Дејли сабах Мерјем Илајда Атлас на панелот под наслов „15 јули, обидот за воен удар во Турција: Случувањата и вистините“ што се одржа во салата Черчил на Долниот дом на англискиот парламент, на кој учествуваа голем број политичари, академици и студенти, истакна дека турскиот народ трагичната ноќ на 15 јули ја покажа приврзаноста кон демократијата.

Атлас рече дека 5 јули беше критична пресвртница во историјата на воени удари на Турција.

Колумнистот на весникот „Сабах“ Бурхатенит Дуран рече дека терористичката организација ФЕТО која се обиде да изврши воен удар, не можеше да ја процени силната приврзаност и одбраната на демократијата и земјата од страна на граѓаните, односно не го зедоа во предвид турскиот народ во нивните пресметки.

Директорот за економија и колумнист на весникот „Сабах“ Шереф Огуз во говорот на панелот рече дека турскиот народ не го ризикуваше само животот под тенковите за време на обидот за воен удар, туку истовремено покажа и силен економски рефлекс.

Луѓето не се успаничија и немаше некои позначајни измени во секојдневното однесување на потрошувачите, рече Огуз и потенцираше дека и покрај вонредната состојба која беше прогласена, граѓаните и деловните претпријатија и компании продолжија со секојдневниот живот. Исто ака и банките не ги променија своите работни и бизнис планови и функционалноста.

Огуз додаде дека веднаш по обидот за воен удар граѓаните променија само 9 милијарди девизни средства во турски лири.

Клубот на новинарите Сабах формиран од страна на весникот Сабах, во рамките на процесот на обелоденување на Западниот свет и земјава за случувањата на 15 јули и водење борба против дезинформациите, по панелот во Лондон, во текот на месецов ќе одржи и панели во Вашингтон, во декември во Брисел, во јануари во Берлин.



Слични вести