Младиот црнец Дани Вилијамс бараше да се направи ДНК тест

Вилијамс го изнесе тврдењето дека бил посинок на кандидатката на демократите Хилари Клинтон.

601769
Младиот црнец Дани Вилијамс бараше да се направи ДНК тест

Младиот црнец во САД Дани Вилијамс бараше да се направи ДНК тест, поради тврдењето дека бил син на поранешниот претседател Бил Клинтон.

На само една недела до претседателските избори во САД, Вилијамс на прес конференција во Националниот прес-клуб го изнесе тврдењето дека бил посинок на кандидатката на демократите Хилари Клинтон.

Вилијамс рече: „Јас сум син на Бил Клинтон. Хилари ми е маќеа, а Челси сестра“, поради што упати повик да се направи ДНК тест за да се докаже тврдењето.

Младиот Вилијамс кој живее во американската држава Арканзас истакна дека неговото тврдење не е ново и дека од 1990 година наваму се обидува да го докаже тоа.

Вилијамс го изнесе тврдењето дека е син на Бил Клинтон, дека мајка му која била зависник од дрога умрела додека бил мал, поради што упати повик до семејството Клинтон да стапат во контакт со него.

Младиот Влијамс остро реагираше на прашањето дали бил финансиран од страна на кандидатот на Демократската партија Доналд Трамп потенцирајќи дека сите трошоци ги намирувал самиот, вклучувајќи ги и трошоците за адвокат и дека неговата борба нема никаква врска со претседателските избори.



Слични вести