Во експлозијата во еден рудник за јаглен во Кина загинаа 13 лица

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување на исчезнатите рудари

601172
Во експлозијата во еден рудник за јаглен во Кина загинаа 13 лица

Во експлозијата во рудникот во близината на градот Чонгкинг на југозападната страна на Кина, 35 лица беа заробени.

Две лица се спасија од експлозијата, додека сеуште е неизвесна состојбата на 20 рудари.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување на исчезнатите рудари.

По експлозијата властите издадоа инструкции за прекин на работата во другите рудници во областа и преиспитување на безбедносните мерки.



Слични вести