Продолжен мандатот на мисијата за истражување на употребата на хемиско оружје во Сирија
Мандатот на мисијата на ОН формирана за утврдување на страните кои употребуваат хемиско оружје во Сирија од страна на Советот за безбендост на ОН продолжен до 18 ноември

Советот за безбедност на ОН го продолжи до 18 ноември мандатот на мисијата на ОН формирана за утврдување на страните кои употребуваат хемиско оружје во Сирија.
Советот го разгледа продолжувањето на мандатот на мисијата (JIM) која е формирана заеднички од страна на ОН и Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ).
Мисијата за време на својот едногодишен мандат ги истражуваше нападите со хемиско оружје за кои од страна на ОН беше побарано да се испитаат и притоа утврди дека во 3 случаи хемиско оружје употребиле силите на режимот на Асад, а еднаш терористичката организација ДАЕШ.
Русија застана во одбрана на тоа дека извештајот на мисијата е контрадикторен и тврдеше дека нема доволни докази за тоа дека режимот употребил хемиско оружје.
Претседателката на независната комисија за истражување Вирџинија Гамба истакна дека стојат зад извештајот и нагласи дека постојат доволни докази за тоа дека режимските сили во Сирија 3 пати употребиле хемиско оружје.
Слични вести
