ОИС ќе одржи вонреден состанок поради нападите на Хутите врз Саудиска Арабија
Претстојниот состанок на Организацијата ќе се одржи во седиштето на Генералниот секретаријат на Организацијата во Џеда

Организацијата за исламска соработка (ОИС) ќе одржи вонреден состанок поради нападите на Хутите врз Саудиска Арабија.
Во соопштението што беше објавено од страна на организацијата беше истакнато дека во сабота ќе се одржи состанок на ниво на министри за надворешни работи по повод ракетниот напад на Хутите врз Меке-и Мукереме во Јемен.
Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка Ијад Емин Медени во писменото соопштение истакна дека во сабота ќе се одржи состанок на ниво на министри за надворешни работи на кој ќе бидат разгледани нападите на Хутите и приврзаниците на соборениот лидер Али Абдулах Салих во близината на Меке-и Мукереме, поради што на членовите на Управниот одбор на организацијата им беа испратени покани за состанокот.
Претстојниот состанок на Организацијата ќе се одржи во седиштето на Генералниот секретаријат на Организацијата во Џеда.
Минатиот четврток Командата на коалиционите сили предводена од Саудиска Арабија соопшти дека Хутите исфрлиле ракети во правец на Меке-и Мукереме во провинцијата Сада во Јемен и дека нападот бил спречен на 65 км од градот, додека Хутите го демантираа соопштението.
Слични вести

Урускиј: „Има многу работи коишто можат да се научат од Турција“
Турција не само одбранбената индустрија, туку ја разви целата индустрија како целина